(ФОТО) Сопругот на македонската водителка посака да биде Бали Бег!

Ахххх, пусто турско… Што ти прават турските серии! Ај што буквално го окупираа македонскиот телевизиски прајм – тајм,  ај што „заробија“ илјадници гледачи пред ТВ екраните, туку почнаа бре и модата да ни ја креираат.

Добро, шамии и мантили и онака оддамна можат да се видат доволно, ама не е облеката во прашање. Конечно и Турците современа мода тераат, ама затоа секој втор носи мустаќи! Или барем таков глас ги бие!

Па и Бали Бег гарант немаше толку да го сакаат жените да немаше мустаќи!  Поведен од оваа логика, Гордан, новопечениот сопруг на македонската ТВ водителка Милена Антовска, реши да стане популарен, па одлучи да се трансформира во Турчин… од сериите!

Затоа Гордан фати правец – берберница, седна на берберската столица и падна наредба: „Бричи, мајсторе“! А мајсторот, ем си ја знае работата, ем го познава човекот, па му го знае и вкусот… И резултатот: Мустаќ бурда, ептен фраерски… Вурсун башка, сурат ала Бали Бег!

Ем модерно, ем муштеријата, „шиндим ептен ќефли“! Кој не верува, бујрум – нека погледне. За повеќе, отворете „Сурат тефтер“ (читај Фејсбук)  на неговата страница!

Човекот што многу сака турски серии, посака да биде и бидна Бали Бег… Сите среќни, само водителката стравува… Човекот, сега да не посака и харем…!?

Scroll to Top