(Фото) Спејко мокар и згоден како Аквамен

Дарко Спејко, победникот на регионалното реално шоу „Големиот брат“, ги потсети своите пријатели на холивудскиот глумец Џејсон Мамоа. Спејко објави слика на која излегува од базен и по телото му тече вода, па на социјалните мрежи му искоментираа дека е како „Дотраки“.

„Згоден си како Аквамен“, „Со тетоважата си како Кал Дрого“ се дел од коментарите на сликата. Последниот филм на Мамоа е легендата за кралот на морињата „Аквамен“, а тој претходно го глумеше Кал Дрого, водачот на племето Дотраки во хит серијата „Игра на тронови“.

Фото: Инстаграм

Scroll to Top