(Фото) Спенџарска стана фризерка

Телевизиската водителка Јелена Спенџарска вели ако не ја биде како новинар, може да заработува како фризерка.  Таа на својот инстаграм-профил објави слика на која ѝ ја бојосува косата на својата пријателка. „Обичен ден во канцеларија“, напиша Спенџарска на сликата.

Водителката во моментов е на летување на Мајорка, на гости кај свои пријатели. Со своите следбеници на „Инстаграм“ споделува видеа и фотографии од летувањето, од деновите на плажа, од најубавите зајдосонца што ги видела, како што вели самата, од сангрија-забавите, ама и од дневните рутини за вежбање, оти вели, каде и да е мора да се одржува во форма.

 

Scroll to Top