(Фото) Среден прст за сите што мислат дека сум дебела: Алиша Силверстон по критиките за тежината

Холивудската актерка Алиша Силверстон на сите кои ја критикуваа за нејзината тежина место да им се правда им покажа среден прст.  Силверстоун се појави на „TikTok“ како одговор на сликата што беше објавена од неа вонеодамна со анслов „Искрена дебела фотографија на Алиша Силверстоун“.

Во видеото од 7 секунди кое сега има над 4 милиони прегледи, насмеаната актерка од легендарниот филм „Clueless“ ја покажува фотографијата, покажува на нејзиниот наслов, а потоа и дава среден прст додека песна од Гејл свири во позадина.

„По ѓаволите. Мислам дека изгледам добро “, рече 45.годишниот Силверстоун. Ова не е прв пат Силверстоун да се занимава со коментари во врска со нејзината тежина.

Првпат за нејзиниот изглед се кометирапе пред повеќе од две децении, кога таа играше во „Бетмен и Робин“ од 1997 година. Тогашната 20-годишна девојка вели дека папараците и таблоидите и дале прекар „Дебела“.

Всушност, во една колумна на „Entertainment Weekly“ во 1996 година, тие дури и го споредија телото на Силверстон со „Babe the Pig“ во делот со наслов: „Издание за дебелината“.

Во интервју за Гардијан во 2020 година, таа раскажа како се чуствувала кога пипувале за неа дека е дебела.

„Тие се потсмеваа со моето тело кога бев помлада. Беше болно, но знаев дека грешат. Не бев збунета. Знаев дека не е во ред да се исмевам со нечија форма на телото. И тоа е нефер да му се прави на некого“ рече таа.

 

 

Scroll to Top