(Фото) Стевчо меѓу ајварот и името

Поранешниот градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, денеска во својот двор, со семејството, правеше ајвар. Тој уште од поодамна, во колумна најави дека „на 30 септември ќе прави ајвар, оти тогаш бил најубав“. Јакимовски додаде дека ќе го бојкотира гласањето за промена на името и дека наместо тоа ќе спрема зимница со семејството. На социјалните мрежи вчера и денес се појавија неколку фотографии на кои тој пече пиперки и го меша ајварот.  

Scroll to Top