(Фото) Стојна Костовска е македонската Шерон Сотоун на плажа во Охрид

Актерката Стојна Костовска ги ужива пензионерските денови. Таа сподели фотографии на плажа во костим за капење. Стојна (68) е во седмата деценија од животот и изгледа одлично.

Костовска важи за жена која секогаш е насмеана и додека беше на штиците што живот значат и зад микрофонот во македонското радио додека се создаваше „Хихириху“.

Таа минатата година на денот на нејзиниот роденден се пензионираше. Стојна често знае да сподели фотографии и како одмора во нејзиниот двор и ужива додека ги негува цвеќињата во друштво на нејзиниот сопруг Зоки.

Актерката беше прогласена за лауреат на Деновите на комедија 2021 во Куманово.

Scroll to Top