(Фото) Столе ужива во татковството: Капитенот на „Вардар“ објави фотка од синот

Капитенот на „Вардар“, Столе Стоилов, по долго време објави слика со сопругата Деница и синот Бојан. Столе ретко објавува семејни слики и важи за човек што не сака да зборува за приватниот живот во јавноста, па сликата со сопругата и синот ги изненади неговите фанови.

Бојан е прво дете на Столе и Деница, а се роди лани во август. Неколку месеци претходно, ракоментниот репрезентативец се ожени со Деница, која е уметница. Иако планираа голема свадба, заради пандемијата тие направија мала забава за најблиските и семејството, а претходно склучија граѓански брак.

Столе и Деница пред да се земат беа во љубовна врска една година.

 

Scroll to Top