Пејачката и водителка Сузана Турунџиева тренира бокс, а објави фотографија од тренинг, на која е во костим за капење. Фотографијата привлече многу внимание кога таа на шега напиша: „Ако ти бапнам една в глаа, ќе вииш от кај течи ДрагОоро – стара битолска“.
По ова, следуваше коментар од поранешната пејачка Мајка Вукичевиќ, која ѝ напиша: „Удри Брусли, тепај Брусли, поби ги свииии“, стихови од една откачена преработка на песна.
Турунџиева за кратко време имаше многу позитивни кометари, а нејзините пријатели на шега ја тераа работава со боксирањето.