Фолк-пејачката Сани Гроздановска на Инстаграм објави слика на која е претставена како светица на икона. „Света боемска Сани фолк Гроздановска, заштитничка на микрофонот, бакшишот и заводливоста“, стои на иконата.
Сани откри дека монтажата ја направил некој од нејзините фанови.
„Ги обожавам моите обожаватели“, вели таа.
Фолк-пејачката долго не пееше поради короната, но откако беа дозволени свирки во живо, таа речиси секоја вечер има настап. Сани од поодамна нема снимено нова песна, но беше во центарот на вниманието откако се скара со нејзината колешка Сања Барбика Цинцева. Двете пејачки тогаш јавно се навредуваа преку Фејсбук.
Си ги изми ли забите пред да ме спомнеш: Се скараа Сани Гроздановска и Сања Барбика