(Фото) Светлана и Мики Црнокрак на скијање со ќерките

Поранешните манекени и сопственици на модното студио „Црнокрак“, Светлана и Мики Црнокрак, се на зимување со ќерките Моника и Нина. Тие го искористија снегот и убавото време за скијање, а Мики објави неколку семејни фотографии на социјалните мрежи.

„Се чувствуваме кул“, напиша тој.

Не е тајна дека семејството Црнокрак ги сака зимските спортови. Мики често споделува фотографии и видеа кога оди на скијање. Тој оваа пролет го привлече вниманието кога среде пандемија се соблече гол и скијаше на Попова Шапка.

(Фото) Пандемијата го соблече Мики Црнокрак

Scroll to Top