(Фото) Светскaта тенисерка Симона Халеп, се сврши со македонски милијардер

Светски познатата тенисерка, Симона Халеп од Романија, се сврши со македонскиот милијардер Тони Јурук. По елиминацијата на УС Опен, таа ги сподели убавите вести со фановите и го покажа свршеничкиот прстен.

„Ова ќе биде прекрасен настан, многу сум возбудена. Правам важен чекор во мојот живот и среќна сум што се случува“, рече Халеп, која некогаш беше најдобрата тенисерка во светот.

Јурук кој е милијардер и има повеќе фирми во Романија е со потекло од Македонија.

И Симона има потекло од Македонија, од битолското село Маловишта. Двајцата се веќе некое време во врска, но, никогаш не сакале да откриваат премногу детали во јавноста.

 

Scroll to Top