По вчерашната монодрама „Ќиро“, хрватскиот актер Тарик Филиповиќ забавата ја продолжи во ресторанот „Еквилибриум“, во населбата Аеродром.
Во опуштена атмосфера и со добра музика и шведска маса, тој се дружеше со Олга Костовска, поранешната сопруга на Орце Камчев и ќерка на бизнисменот Трифун Костовски, а многумина на шега рекоа дека “хрватскиот милионер“ паднал на шармот на Олга.
Во друштвото беше и актерката Весна Петрушевска, која беше задолежна околу организацијата за гостувањето на Тарик во Македонија.
Вчера во МНТ, Тарик ја одигра монодрамта за фудбалската легенда Ќиро Блажевиќ во преполанта сала во театарот.