(Фото) Тазе родители: Антониа се снаоѓа во улогата на мајка

Антониа Гиговска која неодамна стана мајка објави нови фотографии од синот Киан. Со сопругот Роберт покажаа како се снаоѓаат во улогата на родители и ги сликаше додека спијат. Рече дека таткото нешто бил уморен.

За потсетување, откако станаа родители Роберт направи прослава на која имаше украси направени за Киан. Бели и сини балони и декорација на која беше испишано името на бебето. На забавата им дојдоа мејкап артистот и стилист Даниел Николовски кој е близок пријател и соработник на Антониа.

Ова е прво бебе на Антониа и Роберт откако двајцата се венчаа годинава по неколку месеци врска.

 

 

 

 

 

 

Scroll to Top