(Фото) Тијана Дапчевиќ сака пак да биде модел, пејачката се врати на времето кога била тинејџерка

Поп-пејачката Тијана Дапчевиќ се потсети на деновите кога била тинејџерка. Таа сподели фотографии кога имала 18 години, од времето кога била модел. И се вратија сеќавањата од времето кога настапуваше на познатиот фестивал „Макфест“, во деведесетите.

Сподели фотографија и со нејзиниот дечко и сегашен сопруг Милан.

„Она кога ќе го средиш плакарот и ќе најдеш древни фотографии, па кога ќе те удри флешбек. Ништо не се смени, како да не поминаа толку години. Јас сум уште млада и подготвена за нови предизвици. Којзнае, можеби утре повторно ќе бидам модел“, напиша таа во описот на фотографиите.

Ти си навистина единствена, убава, природна жена, која изгради успешна кариера без пластика и скандали“, ѝ напиша фановите.

За потсетување, Тијана и Милан заедно го имаат синот Вук, а таа досега неколку пати истакна дека сака повторно да стане мајка. Во едно од нејзините интервјуа кажа дека би прифатила и вештачко оплодување.

 

 

Scroll to Top