Пејачката Тијана Дапчевиќ објави фотографија со новата тетоважа. Таа објасни дека станува збор за стара тетоважа која ја направила уште на 18 години, но дека сега само одлучила да ја освежи.
„Имав во план да ги тргнам овие мои ноти од раката, односно да ги покријам со некоја нова слична тетоважа. Тоа ми е првата тетоважа која ја направив на 18. роденден и која мојот татко се обиде да ми ја отстрани со вода, мислејќи дека не е вистинска и дека не сум се тетовирала. Видов дека избледе и дека не изгледа убаво и дека треба да се направи нешто друго. Но, тогаш мојот другар Горан Мичиќ, ме разубеди и реши да ја освежи и сега изгледа како да е првпат направена, а и јас се чувствувам како повторно да имам 18 години, а не 25 колку што ги имам“, се пошегува Тијана.