18-годишната Марија Алексиќ од Србија го нацрта поп-пејачот Александар Тарабунов. Сликата што ја црта со молив е во фаза на изработка, а Марија ја сподели на социјалните мрежи. За „Репортер“ таа рече дека пејачот самиот ѝ пишал неодамна.
„Александар ми пиша пред 20-тина дена оти сакаше да нарача цртеж. Инаку, слушам многу македонска музика, а меѓу нив се и песните од Тара“, ни раскажа Марија.
Ова не е првпат талентираната девојка да црта македонски пејачи. Таа претходно ги нацрта и Каролина Гочева, Тоше Проески, Елена Ристеска.
(А.Ј)
(ФОТО) Каролина доби роденденски подарок од српска обожавателка