Раперот и диџеј Тони Зен вчера се заглави во лифт со неговиот тригодишен син Јасен. Тие биле заглавени еден час пред пожарникарите да ги извлечат. Тони потоа објави слика на социјалните мрежи и им се заблагодари за помошта.
„Спасителите. Благодарност до пожарникарите кои бргу дојдоа и нѐ одглавија од лифтот во кој бевме саат време заглавени“, напиша Тони на Инстаграм.
Музичарот ретко објавува слики со синот и не зборува за семејството. Неодамна во интервју за „Репортер“ тој раскажа дека со сопругата Валентина се ожени во 2019 година и призна дека да се биде татко и да се биде во брак ич не е лесно.
„Многу ме промени татковството. Тоа си бара одговорност и дисциплина што јас сум ги немал и сè уште учам. За бракот, исто така не е баш лесно. Точно е тоа дека сум тежок човек и да се биде со мене е тешко. Стресно е да се издржи со некој како мене”, искрен е Тони Зен, кој на прашањето готви ли по дома, вели: „Види не е проблем да се готви по дома, проблем е искреноста каде некогаш сум потфрлил. Јас сè уште учам да ги поправам грешките за да бидам маж како што треба. Бидејќи сè уште не сум”, рече тогаш Тони.