(Фото) Трајче Ѓогриев елегантен, прослави матура

Поранешната пинкова ѕвездичка, Трајче Ѓоргиев, прослави матура. За оваа прилика избра сив костум и вратоврска во истата боја, а ги искомбинира со црна кошула. Тој објави неколку семејни слики од матурата, а пријателите му честитаа и му порачаа да не се откажува од музиката.

18-годишниот Трајче, кој матурираше во средното училиште „Јахја Кемал“ во Струмица, се прослави пред пет години со учеството во шоуто „Пинкови ѕвездички“. Тој се натпреваруваше во првата сезона од музичката емисија, беше миленик и на жирито и на публиката, а на крајот заврши на второ место.

Фото: Инстаграм

(Фото) Трајче Ѓоргиев стана матурант

 

Scroll to Top