Дарко Димитров, еден од најуспешните македонски композитори и продуценти, по евровизиски успех реши да прослави со семејството. Тој сподели една фамилијарна фотографија на која е со сопругата Маја и со двете ќерки. Дарко ретко кога споделува семејни фотографии во јавноста и ретко зборува за приватниот живот.
Димитров е еден авторите на композицијата Proud со која Тамара Тодевска ѝ донесе успех на нашата земја. Освен за Македонија, Дарко е автор и песната „Круна’ со која Невена Божовиќ нстапи на Евросонг и ја преставуваше Србија.