Актерката Весна Бејби Петрушевска вчера на својот инстаграм-профил сподели фотографија од третманот за ботокс и филери и рече дека ова ѝ е втората фаза од подмладувањето. И таа како и голем дел од познатите личности е на ваков третман, кој е многу популарен.
Таа се пошегува на своја сметка велејќи дека пет години ја убедувале на ваков чекор, ама оти имало боцкање и била плачка, се премислувала.
„Трпи, бабо, за убост, викаше баба ми“, и напиша познатиот македонски научник Горазд Росоклија.
Преостанатиот дел од коментарите од нејзините фанови за оваа одлука е поделен, ама се чини дека повеќето ја сакаат старата Весна.