(Фото) „ Цел целулит е мој и нема да филтрирам“- Тијана со фотка од плажа во Грција

Пејачката Тијана Дапчевиќ  стигна на одмор во Грција, и објави фотографија од плажа од Халхидики. Таа е на одмор со синот и сопругот, а пријателит се шегуваат:Ете ја првата Македонка стигна во Грција.

„Јас на море. Сега мајка ми би рекла: „Тијана не можеш да ја почнеш реченицата со Јас, а Јас би  ѝ кажала да можам и можам да се сликам со голи нозе и со целиот целулит затоа што е мој и нема да филтрирам, бидејќи секоја бразда на моето тело е моја и секоја има своја приказна на која сум горда. Или како што би кажала една моја пријателка ‘ сакај е себе и нека тоа себе те сака тебе“, напиша Тијана на Инстаграм.

Домашната публика, освен како пејачка , ја засака и по улогата на Германката Ула од хот серијата „Преспав’

Scroll to Top