Македонската манекенка Цеце Орешкова – Георгиев наскоро ќе стане мајка. Таа на социјалните мрежи често споделува фотографии на кои се гледа како напредува бременоста. Овој пат, за да се пофали со новата фризура, Цеце објави инстаграм-приказна каде позира во долна облека, а во преден план е нејзиниот гол труднички стомак.
Цеце е во брак со манекенот Кристијан Георгиев, со кого претходно беше неколку години во љубовна врска. Ова е нивно прво дете.