Фолк-пејачката Елена Велевска често објавува разголени фотографии на своите профили на социјалните мрежи. Таа деновиве е на летување во Грција, па оттаму сподели неколку слики во бикини. Иако нејзините обожаватели ја пофалија дека е секси, имаше и коментари дека „цицките не ѝ ги собира во бикинито, оти ѝ се како балони“.
Велевска изминатиов период во јавноста е најактуелна по разводот и смирувањето со сопругот Марјан. Иако лани таа откри дека ќе се разведува, бидејќи била жртва на семејно насилство, таа пред неколку дена објави ницна заедничка слика и му го честиташе родененот. „Среќен роденден љубов моја“, напиша таа.