Албанската пејачка Туна Сејди на своите социјални мрежи објави неколку фотографии со синот Тиан. Пејачката, како многупати претходно, направи фотосесија со него, а фотографиите повторно ги сликаше Норик Ука. Тиан овој месец треба да наполни една година.
Сликите собраа преку 33.000 лајкови, а Туна доби бројни комплименти. Следбениците ѝ оставија пораки дека синот многу брзо расте, дека личи на неа, но и на татко му Патрис, ама и дека Туна е навистина секси мајка.
Туна на јавноста ѝ стана позната по учеството на музичкото талент-шоу „М2 потрага по ѕвезда“. Оттогаш сними 7 албуми, повеќето на албански јазик. Туна е голема ѕвезда во Албанија и на Косово, но ја сака и македонската публика. Таа и денес соработува со Дарко Димитров и Роберт Билбилов, кои за неа ги напишаа некои од нејзинте најголеми хитови.