Фолк-пејачката Елена Велевска во ревијалниот дел на фестивалот „Мелфест” се појави облечена во црн топ и кожени панталони од познат светски бренд. Од тимот на Елена велат дека по три дена вака исто се облекла и српската пејачка Јелена Карлеуша, која снимала емисија.
„Честопати медиумите знаат да ја обвинат Велевска дека ја копира Карлеуша, но овој пат вистината е сосема поинаква. Кој прв и како се облекол се гледа и на нивните инстаграм-профили. Дали станува збор за случајност, ние не знаеме, ама ете постои сличност меѓу нив“, велат од тимот на Елена Велевска.