Една од најекспонираните македонски манекенки и модели последнава година, згодната Викторија Луческа има свои принципи. Неодамна тоа го докажа постирајќи интересен статус на својот Фејсбук профил. Или поточно мудра женска мисла. До душа, не кажа дали е лично нејзина или позајмена од некоја друга „умна женска глава“, ама сеедно! Принципи си се принципи… и не е важно чии се и кој ги измислил, важно е да си се држиш до нив!
Имено сексапилната прилепчанка делејќи совет преку постираната мисла, всушност откри што сака, а што не сака, што дозволува, а што не… и што е најважно кому! А тој – КОЈ, е бившиот! Или сите бивши? Ама, ако подобро размислите, пораката упатена до него/нив, всушност важи и за неа!
Е, сега, дали беше тоа скриена порака упатена само до една личност или…? Кој да знае, освен Лучето, самата?! Ама ако малку проанализирате и видите каква насловна фотографија и стои на Фејсбук профилот… можеби ќе и ја разберете скриената порака. Поточно, ќе сфатите на кого може, а и не мора да се однесува!
Само она со качувањето на вагата остана нејасно: вага за мерење тежина или вага како хороскопски знак?!
Како и да е едно е сигурно: Викторија Луческа е принципиелна женска. Не дава „да и се качат“… Бившите… На глава, нормално!