Со погача, пченица и вино, како што е адетот, пејачите Тања Лазаревска и Новица Василевски славеа Свети Никола во Мелбурн. „Свети Никола на помош. Среќна слава Василевски“, напиша Тања на Фејсбук и рече дека се чувствува благословена.
Пејачите пред неколку години се преселија во Австралија. Тогаш во интервју за „Репортер“ Тања кажа дека таму ја пронашле среќата. Тие потоа купија и куќа во Мелбурн, па таму ги прославија и родендените на децата, а сега и славата.