ФОТО: Виолета Томовска снимаше видеозапис за најновата песна

Легендата на македонската фолк музика Виолета Томовска снимаше видеозапис во соработка со Ин Продукција. Спотот се снимаше на повеќе локации низ преубавиот Охрид.

Доајенот на македонската фолк музика, Виолета Томовска сними спот за нејзината најнова песна со наслов “Простодушна”. Песната ја изработија браќата Барбароски и Дамир Имери со кои Виолета има долгогодишна соработка години наназад низ нејзината музичка кариера.

 

Спотот за темата „Простодушна” се снимаше во Охрид, на неколку прекрасни локации, а во видеото учество зедоа и членките од КУД Далги при Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца.

Scroll to Top