(Фото) Владо Јаневски во казино за роденденот, го изненадија со торта и славеничка песна

Поп-пејачот Владо Јаневски наполни 61 година, а роденденот го прослави во казино во Гевгелија. Од казиното го изненадија со роденденска торта, украсена со ноти и петолиние. Владо објави слики на социјалните мрежи и им се заблагодари за убавата вечер.

„Менаџерите и персоналот почекаа Владо да заврши со вечерата и го изненадија со торта со свеќа и славеничка песна“, пишува на неговата фан страна на Фејсбук.

Владо, кој подолго време правеше пауза од музиката, пред неколку дена ја промовираше новата песна „Љуби љуби“.

 

Scroll to Top