(Фото) Внукот ѝ направи ќеф на Биба Додева

Поп-пејачката и претседателка на здружението „Борка“, Биба Додева, ужива со внукот Александар. Таа објави заедничка фотогарфија на „Инстаграм“. Напиша и дека неговата прегратка ѝ ја милува душата, а дека таа е среќна баба. Пред неколку дена Биба се пофали и дека внукот наполнил три години. Тој е син на нејзината ќерка Емануела и на зетот Умберто, кој е од Потругалија.

Пејачката, кој последниов период е посветена на здружението за борба со рак на дојката, повторно ѝ се враќа на музиката. Таа неодамна сними песна во студиото на Владимир Дојчиновски -Дојчин и песната ќе ја промовира наскоро.

Scroll to Top