(Фото) Во Дубаи се сврши светскиот вицешампион во карате Емил Павлов

Светскиот вицешампион во карате Емил Павлов се сврши со својата долгогодишна девојка Глорија Маноилова. Тој ја побара за жена во Дубаи, пред Бурџ Калифа, највисоката зграда во светот. Потоа објави слика на Инстаграм од свршеничкиот прстен.

Емил и Глорија веќе некое време се во Дубаи со пријатели и постојано објавуваат фотки на социјалните мрежи.

За потсетување, Павлов титулата светски вицешампион во карате ја освои во Дубаи, лани во ноември.

 

 

Scroll to Top