(Фото) Во Крушево се сврши Јелена од „Фчерашни“: Елегантен прстен за водителката од идниот сопруг

Водителката и манекенка Јелена Богојевиќ (29) , која беше дел и од екипата на Јелена во „Фчерашни новости“, се вери со нејзинот дечко Срѓан Спасиќ. Веридбата беше во Крушево од каде таа сподели и фотографии.

Таа објави фотографија од прстенот со кој ја побарал за жена со стихови од песна на легендарниот  Оливер Драгојевиќ.

„Под ова небо само ти знаеш да ми ја допреш душата…. .“ пишува на фотографијата.

Богојевиќ за првпат се појави на малите екрани со улогата на Матеа во детската серија „Наше Маало“. Потоа настапуваше на „Златно славајче“ и глумеше во филмот „Бубачки“. Своевремено беше и презентерка на Метео 5, а моментално го води „Магазин“ на Сител Телевизија.

Scroll to Top