(Фото) Во машки костим ама доволно секси Фатиме даде заклетва во Вишото јавно обвинителство

Елегантна, по малку во машки стил, ама доволно секси, денес пред членовите на Советот на јавните обвинители, заклетва даде и обвинителката Фатиме Фетаи. Доскорешната специјална обвинителка, сега е еден од петте новоизбрани јавни обвинители во Вишото јавно обвинителство Скопје. И овој пат не можеше, а да не се забележи нејзиниот стил, за кој, велат нејзини блиски, се погрижил мајстор Борче. Иако во костим, Фатиме остави привлече внимание, особено што сивата комбинација ја освежи со виолетови чевли и чанта. Без гајле, карминот пак е црвен, што е заштитен знак на обвинителката.

За потсетување, денеска пред членовите на Советот на јавните обвинители покрај Фетаи, заклетва дадоа и Наум Пановски, Сашо Рајчев, Бурим Рустеми и Снежана Бундалевска-Георгиева. Тие беа избрани на седницата на Советот, што се одржа на 22 април.

 

 

Scroll to Top