Во мини фустан и секси штикла, Зорица Заева беше на роденден кај познатиот фризер и мејкап-артист Драган Гоцев – Даци. Забавата беше во познат ресторан во Струмица, а друштво ѝ правеше ќерката Александра.
Сопругата на поранешниот премиер објави неколку слики на социјалните мрежи за да му го честита роденденот на Гоцев, кој е нејзин близок пријател. Освен што се дружат, познатиот фризер со години се грижи и за имиџот на Зорица и нејзината ќерка. Тие поминуваат многу време заедно и често објавуваат заеднички фотки, што од салонот на Даци, што од излегувањата на јавни настани.