(Фото) Водителката Милена Антовска ќе стане мајка

Водителката Милена Антовска вторпат ќе стане мајка. Таа на инстаграм стори објави неколку слики и видеа, и кои покажа дека е повторно бремена. Милена со сопругот Гордан веќе ја има ќерката Лана Марија.

Милена и Гордан се во брак од 2017 година, а ќерката се роди на крајот на август истата година и таа наскоро ќе полни 4 години.

Милена, која важи за една од најпопуларните водителкки кај нас, неодамна во интервју за „Репортер“ раскажа дека веќе неколку години се бори со анксиозност и дека анксиозноста првпат се појавила брзо по раѓањето на ќерката.

„Во декември во 2019 во еден ресторан во Солун имав прв паничен напад. Наеднаш почувствував болка во стомакот, срцебиење и чувство дека ќе се онесвестам. Веднаш станав и заминав во тоалет затоа што ми беше страв дека ќе паднам. Тоа помина, па следува и други такви напади. Толку се опседнав со тоа дека нешто здравствено не е во ред со мене, што ги направив сите можни прегледи. Кога ми кажаа дека сè е во ред и болките престанаа, сфатив дека е време за психолог и бев сигурна дека во прашање е анксиозност. Но, најмногу се загрижувам кога сум сама со својата ќерка Лана Марија, а анксиозноста решила баш тој ден да дојде. Но, од друга страна, пак, кога сум со неа, знам дека морам да бидам добра и се фокусирам на неа и ги бркам сите лоши мисли од мојата глава. Сфатив дека во тие моменти не треба да се форсирам, туку полека да дишам и издишувам или да легнам малку и ќе помине“, ни раскажа тогаш Милена.

Таа ни рече и дека откако станала мајка се чувствува покреативна и поисполнета.

„Ја почувствував најискрената и најсилна љубов што човек може да ја почувствува. Ми се променија приоритетите, буквално сè си доби друга смисла и димензија во мојот живот. Со сопругот Гордан уште првиот месец знаевме дека нашата ќерка ќе се вика Лана. Бидејќи е родена на 28 август, на Успение на Пресвета Богородица, немавме сомнеж дека ќе го додадеме името Марија. Таа е многу чувствителна, а таква сум и јас, весела е, комуникативна и со сите веднаш се спријателува“, додаде Милена.

Scroll to Top