ТВ-водителката Милена Антовска пред пет месеци стана мајка на Лана Марија. Таа ужива во мајчинството и времето поминато со својата ќерка. Милена го искористи сончевиот викенд да се прошета со Лана Марија низ центарот на Скопје, па објави неколку фотографии од прошетката.
Популарната водителка полека се подготвува да се врати на работа. Дека им е омилена на гледачите, кажува фактот што многу често гледачите на „Канал 5“ кога се јавуваат во утринската емисија ги прашуваат колегите на Милена кога таа ќе се врати на работа.