Пејачката Сара Мејс и водителот Димитар Атанасовски направија забава со крофни за првиот роденден на нивната ќерка Илина. Забавата ја организираа во позната скопска игротека за најблиските роднини и пријатели, а музика на роденденот пушташе диџеј Мац. Сара и Димитар цело време се забавувале со Илина, биле опуштени и расположени, а и играле и пееле со гостите, ни открија нивните пријатели.
Илина е прво дете на Сара и Димитар. Таа се роди лани, една година откако двојката направи свадба. И пејачката и водителот често објавуваат слики со ќерката и велат дека откако таа се родила, животот им е поубав. Сара неколку месеци по раѓањето на ќерката се врати на музиката. Таа неодамна ја промовираше нејзината нова песна „Бакар боја“, а најави и нов албум.