(Фото) Заев шизеше на музика на „Квин“

By

Премиерот Зоран Заев вчеравечер се дружеше со градоначалниците на Атина Јоргон Каминис, на Загреб Милан Бандиќ, на Приштина Шпенд Ахмети и со скопскиот градоначалник Петре Шилегов на рок концерт во Скопје. Тие заедно со неколкуте илјади посетители во градскиот парк уживаа во најголемите хитови на светски познатиот бенд „Квин“, испеани од трибјут-бенд од Србија. Твитерџиите пишуваат дека Заев расположен заиграл, а дека друштво му правеле и некои од градоначалниците.

Концертот „Квин симфони шоу“ е еден од многуте концерти што ќе се одржат на отворено во рамки на Скопско културно лето. Српскиот трибјут-бенд на „Квин“, во придружба на Македонската филхармонија и хорот на Македонската опера и балет, ги пееше песните на легендарниот британски бенд. На сцената им се придружи и Весна Гиновска Илкова, за заедно да ја испеат „Барселона“, дуетот на Фреди Меркјури и оперската дива Монсерат Кабаље.

Фото: Град Скопје

Ќе ви се допадне