(Фото) Журка на базен за синот на Ламбе: Димитриј го прослави роденденот во Детроит

Помалиот син на пејачот Ламбе Алабаковски, Димитриј, вчера го прослави првиот роденден. Ламбе и Магдалена му подготвија торта и го облекоа во маичка со неговото име и бројот еден.

Под фотографиите тој напиша дека го прославиле првиот роденден, а честитиките за Димитриј изобилуваа со пораки за добро здравје и многу среќа.

Ламбе со сопругата Магдалена веќе некое време живеат во Детроит, САД, а покрај Димитриј, тие го имаат и шестгодишен Михаил.

Scroll to Top