(Фото) Зоран Илиев ја покажа ќерката Бисера

Македонскиот пејач Зоран Илиев, кој стана татко пред еден месец, објави прва слика од ќерката Бисера. „Мојот свет“ напиша пејачот покрај фотографијата од бебето, а пријателите му искоментираа дека Бисера е вистинска убавица. Зоран и неговата сопруга Анѓелка станаа родители на 3 септември, а веста за раѓањето на девојчето пејачот веднаш ја сподели преку социјалните мрежи.

Зоран и Анѓелка се свршија на почетокот на годината, а се венчаа на 11 јули.

Пејачот е долги години на македонската музичка сцена, а публиката најмногу го памети по двете победи на „Макфест“ во Штип. Првиот пат победи со песната „Ангели и демони“, а вториот пат заедно со Анабела Атијас кога ја пееја песната „Од утро до вечер“.

Scroll to Top