(Фото) Зорица Заева двапати на бал во ист фустан

Зоран и Зорица Заеви вчера беа гости на Виенскиот бал во Скопје. Премиерот беше облечен во елегантен костум со црна пеперутка, а Заева го избра црниот фустан со тантела и тул што неодамна го носеше на балот во Виена, каде што домаќин беше австрискиот канцелар Себастијан Курц.

Нивниот стил едни го пофалија на социјалните мрежи, но некои коментираа дека не оди со ист фустан сопругата на премиерот да се појави два пати на бал. „Еден фустан – два бала“, стои меѓу другото на „Твитер“.

Scroll to Top