Светската агенција „Ројтерс“ ги избра најдобрите фотографии за 2021 година. Меѓу нив е и една од пејачот Васил Гарванлиев од неговиот настап на Евровизија годинава.
За потсетување, Васил не влезе во финалето на Евросонг, кој се одржа годинава во Ротердам. Тој пееше во првото полуфинале со песната Here I stand, која ја напиша самиот тој.