Франц: Ми го украдоа Нокаут, барем една добра песна да издадеа!

Гитаристот од некогашната група Нокаут, Владимир Крстевски Франц, деновиве на социјалните мрежи го обвини својот поранешен колега кумот Пере, за кражба на брендот Нокаут и бендот со кој некогаш ја освојуваа многубројната публика.

„Три години поминаа од кога ми го украдоа брендот и бендот, барем една добра песна да издадеа”, напиша Франц, а постот предизивка лавина коментари и реакции од фановите.

Пријателството беше доведено во прашање уште во 2015 година, откако Франц реши да го напушти бендот и да замине да живее во Лос Анџелес, додека Пере заедно со старо-новиот состав, организираа голем концерт во ВИП Арената „Борис Трајковски“ во Скопје.

“Полно срце со тага и очај во празна сала! Од нивната “позитива” отидоа во минус негатива! Драго ми е што публиката не беше изиграна и прелажана овој пат… затоа што од некогашниот Нокаут што сите го знаеме остана само “Н”! Или “фронтменот” Пере Панта Реи со платените музичари – Панта Реиковци. Е ајде сега пробајте да видам дали можете да сокриете ваква беда, не ве ни спасија гратисите да ја наполните салата… уште на Холивуд булевар фалеше да ги раздавате… Ах лакомијо, лакомијо, следен пат на СТАДИОН!!!! Еднаш ти кажав екс куме, без крилја не се лета… али ти не послуша… на што ќе се радуваш сега???”!”, му порача сопругата на Франц на Пере веднаш по концертот, додека, пак, Пере веста за нивното разединување за ВЕЧЕР рече: “Додека сум јас жив, Нокаут постоел и ќе постои. Втората постава од 2005 година работеше со 9 члена се до 2011 година кога Луај Реџепов како гитарист ја напушти групата. Кон крајот на 2014 година бендот го напушти уште еден гитарист – Франц, па сега сме седумчлен бенд и звучиме покомпактно од кога било!”

Scroll to Top