Фудбалерот Дарко Тасевски ѝ купи на сопругата „Ферари“ од 100.000 евра и пентхаус во Софија

Македонскиот фудбалер Дарко Тасевски на својата сопруга, поранешната мис на Бугарија, Ромина Андонова и купи „Ферари“ од 100.000 евра и пентхаус во Софија.

Ромина се пофали со новиот автомобил на социјалните мрежи. За „Ферарито“ вели дека е постар модел, но дека Дарко сепак потрошил многу пари за да го добие.

„Добре дојде во нашето семејство“, напишала Ромина на фотографијата на која таа го вози „Ферарито“.

Дарко и Ромина во моментов се наѓаат во Бугарија. Двајцата претходно беа на одмор во Тајланд, а пред неколку месеци, купија и пентхаус во Софија во вредност од 500.000 лева.

Пентхаусот се наоѓа во затворен луксузен комплекс, а Дарко и Романа се уште го уредуваат.  Новиот дом исто така е подарок од фудбалерот на Славија, за сопругата, како и автомобилот.

Пред да се преселат во Бугарија Дарко и Ромина го подариле целиот мебел и гардероба во Тајланд на сиромашни луѓе.

Домина и ова  го споделила на социјалните мрежи, додавајќи дека повеќето работи што таа и нејзиниот сопруг ги дале на луѓе кои имаат потреба од нив.

Тие контактирале со организација која се занимава со поддршка на лицата во неповолна состојба. Оттаму испратиле автобус во кој тие натовариле скоро сè, од гардероба до покуќнина, вклучувајќи маси и столови.

На своите пријатели, пак, им ги подариле книгите и играчките од своите три деца. Во Бугарија ги донеле само важните и најскапи предмети кои што им значат, како што се наградите што ги добил Дарко и оние што децата ги добиле на училиште, пишува Викенд.

„Дојдовме дома само со малку гардероба“, изјавила Ромина за медиумите.

Scroll to Top