Фудбалскиот репрезентативец Дарко Велковски (26), кој игра за хрватскиот прволигаш Риека, ќе стане татко. Неговата долгогодишна девојка Тамара Чуприна објави слика од ултразвукот на бебето и откри дека е во петтиот месец од бременоста.
„Исто како мојот татко, без фотографии ќе ве молам“, напиша таа на Инстаграм.
Дарко неколку години е дел од македонската фудбалска репрезентација, а игра и за ХНК Риека. Тој настапуваше и на ЕВРО2020, а го даде и првиот гол против Исланд во натпреварот за квалификациите за Светско.