Фудбалерот Давид Бабунски трет пат ќе стане татко, објави слика од бремената сопруга

Македонскиот фудбалер Давид Бабунски и неговата сопруга Кристина трет пат ќе станат родители. Дека чекаат бебе објавија на социјалните мрежи.

„Наскоро доаѓа третото дете. Многу сме среќни и благодарни за овој благослов“, напишаа на Инстаграм.

И двете претходни бременоости на Кристина Давид ги откри на инстаграм и секојпат вели дека е пресреќен што ќе стане татко. Двојката веќе има два сина.

Инаку, Давид е син на легендарниот фудбалер Бобан Бабунски. Тој од пред еден месец игра за унгарскиот клуб „Мезоковешд“, откако претходно играше во Дебрецан, заедно со неговиот брат Доријан. Во кариерата Давид настапуваше и за јапонскиот клуб „Јокохама“, „Црвена ѕвезда“ и за вториот тим на „Барселона“, а е дел и од македонската репрезентација.

Scroll to Top