Фудбалерот Христов му закажа реванш на актерот Христов

Во новогодишното студио на радиото „Бубамара“ во ТЦ „Зебра“ гостин беше поранешниот фудбалер Ѓорѓи Христов на муабет кај Кирил Поп-Христов (Кили). Во емисијата на најпопуларното скопско радио двајцата Христови (едниот со Поп) помуабетија за фудбалот, а на крајот на радиодуелот, според фудбалската трaдиција, си ги разменија палтата наместо дресовите. Христов му закажа на актерот Кили и реванш за следната година на домашен терен.

Освен Георги Христов, и поп-пејачката Тамара гостуваше во новогодишното студио на „Бубамара“.

 

Scroll to Top