Предраг Мијатовиќ и Дејан Станковиќ, поранешни фудбалски ѕвезди на Реал Мадрид и Интер, вчера дојдоа во Скопје. Ден пред натпреварот на Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед тие се прошетаа по скопските локали, а домаќини им беа
селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски, и тренерот на голманите во националниот тим, Гого Јовчев, кој на својот фејсбук-профил се пофали со фотографија на која се гостите од Србија и Црна Гора.
„Сите имаат гости за Суперкупот, ние имаме супер гости“, напиша Јовчев на фотографијата. Предраг Мијатовиќ играше за Реал Мадрид од 1996 до 1999 кога ја освоија титулата во Лигата на шампионите. Дејан Станковиќ како играч на италиjaнскиот клуб Лацио во 1999 година го освои Суперкупот со победа над Манчестер Јунајтед.