Елена Ковачевска, сопругата на премиерот Димитар Ковачевски вчера присуствуваше на прием во Њујорк кој го организираше Емине Ердоган, сопругата на турскиот претседател Ердоган. Ковачевска на приемот носеше во фустан со интересна, бургунди боја, креација на Тања Кокев од последната колекција 2021 / 2022.
“Креацијата плени со материјалот каде освен специфичната боја има и интересна текстурата создадена од геометриска комбинација на ситно и покрупно плисирани делови кои внесуваат разиграност во инаку класичниот крој. Ова е креација каде софистицираноста доаѓа од спојот на едноставноста со смелата боја“, вели Кокев за Репортер.
На приемот присуствуваа и првите дами на Франција, Латвија, Јужна Кореја, Естонија, Литванија, сите вклучни во иницијативата “Нула отпад” на Емине Ердоган.
Оваа иницијатива цели кон целосно елиминирање на отпадот, заштита на животната средина со цел да се остави свет со чиста животна средина за идните генерации.
Фото: Фејсбук Кокев