Политичари, инфлуенсери, водители и други познати личности од јавниот живот во Македонија беа дел од 22-то издание на Виенски бал- Скопје, кој се одржа во хотелот Александар Палас.
Помеѓу присутните беше и претседателот на најголемата ромска политичка партија, Сојуз на Ромите, Габриел Бајрам. Тој на Виенскиот бал дојде со своето семејство. Облечен во бела кошула и црн костум, додека неговата сопруга и ќерка во долги раскошни тоалети.
Семејството Бајрам на Виенскиот бал седеше на иста маса со Агнеса Органиџиева.
Тој во изјава за Б1 телевизија изјавил дека чест му е што бил поканет пред се како Ром, но и како претседател на најголемата ромска политичка партија да биде дел од еден ваков гламурозен бал.
„Би сакал да им се заблагодарам на организаторите за поканата и укажаната чест да присуствувам заедно со моето семејство и да бидеме дел од ова величествено одбележување. Морам да кажам дека организацијата е на највисоко ниво од страна на прекрасни луѓе кои во себе го имаат искуството на висок професионализам“, изјавил Бајрам.
Тој во изјава го спомена и Ромскиот бал кој традиционално се одржува во нашата земја.
„Сојузот на Ромите веќе наназад 43 години го организираме познатиот Ромски Европски Бал, тој бал ни е аманет од нашиот покоен татко лидерот на најголемата Ромска Партија Сојузот на Ромите, господинот Амди Бајрам, и ние тој бал го гаиме како наша зеница во окото. Но знаете секогаш може да одиме чекор напред, ќе ја искористам изреката човек се учи додека е жив, па така и ние вечер можеби ќе доловиме некој момент кој ќе го вклучиме во програмата на нашиот бал“, изјавил Бајрам.